Работилница за Coaches/ ментори за Програмата раст на продажбата
На ден 30.11.2016 година, во хотелот „Порта“ во Скоје, се оддржа работилница за градење на капацитетите за нови ментори/Coaches за раст на бизнисите на жени претприемачи. Темата која се обработуваше на оваа работилница наменета за жените сопственички на бизниси, беше зајакнување на нивните капацитети како тренери за коучинг со цел зголемување на продажбатa.
Оваа работилница беше содржана од пет сесии, каде се обработија следните области: Коучинг како вид на бизнис поддршка, Проценка на клиенти, Водење на коучинг сесиии, Маркетинг на коучиг програмата и Извори на кофинансирање на трошоците за коучинг. Алатките за коучинг вклучуваа:
Процесот за градење на капацитетите успешно резултираше со 9 нови тренери во периодот од 28 ноември до 05 декември 2016 година. Новиот тренер г-ѓа. Сања Аризанков со поддршка од г. Ристо Иванов овозможи менторство за тренерите Зорица Панова, Ирена Јакимова, Зденка Николовска, Бети Деловска, Сузана Коцанковска, Жаклина Голчева, Музафер Таири, Фросина Цветановска и Синиша Пекевски со цел да се промовираат и испорачаат услуги за коучинг за зголемена продажба. Проект- БЕЕТ- Практичен дел Обуката на тренери за инсталатери на системи за греење, ладење и вентилацијаНа ден 13.05.2015 и 20.05.2015 година во просториите за обука на РЕХАУ Скопје се одржа рактичиниот дел на Обуката со 30-те кандидати за тренери за инсталатери на системи за греење, ладење и вентилација со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност
Обуките се одржаа под координација на ЗБК Креација Скопје, а беа реализирани од инструкторот Јован Пљаков -раководител на оддел „Објектна техника“ во РЕХАУ ДООЕЛ Скопје www.rehau.com.mk Обуката беше фокусирана на потребните тренерски вештини за обука на инсталатерите и оценување на нивните вештини за инсталирањето на системите за греење, ладење и вентилација. По завршување на практичниот дел од обуката и полагањето на завршен испит кандидатите се стекнаа со сертификат за тренер и оценување на портфолио на кандидатот за препознавање на претходното учење. ЗБК Креација, партнер во Проектот БЕЕТ- Обука на градежните работници за енергетска ефикасност, изразува посебна благодарност за професионалноста и посветениот однос на компанијата РЕХАУ и Инструкторот Јован Пљаков. СЕМИНАР ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО И РАЗВОЈ НА БИЗНИС ИДЕЈАВо рамки на проектот за меѓугранична соработка „ Претприемачки клуб“ во Крива Паланка од 5 -ти до 7 ми Јуни 2014 се одржа семинар за Претприемништво и развивање бизнис идеја. На него присуствуваа16 млади луѓе до 29 години, кои генерираа над 40 бинзис идеи, а се одлучија да продолжат да работат на 15 од нив, селектирајќи ги според методологијата презентирана на семинарот.
На крајот на семинарот младите го формираа Клубот на претприемачи Спектар , за подобра нивна подготовка на натпреварот за најдобар Бизнис план што ќе се одржи во Бугарија и Македонија. |
Инструктор Јован Пљаков РЕХАУ - Скопје
Обуката на кандидатите беше структирирана во три целини:
Стратешки план за развој и градење на тимски дух - Хотел Полин Дојран, 20-22 мај 2015 год.Во согласност со Методологијата
за подготовка на „Стратешкиот план за развој на општината Карпош 2015-2019
година, секторот за развој организираше семинар кој го водеше Ристо Иванов од ЗБК
Креација
Семинарот се организираше на 20,21 и 22 Мај 2015 година со присуство на 38 учесника ( членови ан Советот на општоната, вработени во локалната самоуправа и месните заедници, преставници на НВО, бизнис секторот и преставници од Младинскиот Совет на општината Карпош . Семинарот допринесе за дефинирање на јасни насоки за следните чекори во донесувањето на Стратешкиот документ и за градење на тимски дух во неговото спроведување Комбинација на учење, вежби и работа на терен. Методологија која потврди дека во младите лежи огромен потекцијал, кој може да се стави во функвција на нивните потреби. Применливи алатки заедно со големиот ентузијазам и креативност завршија со одлични резултати.
|
Претприемачки и бизнис вештини во областа на енергетска ефикасност
На 22 и 23 Мај и 28 и 31 Мај се одржа 5 дневен семинар на тема: „Претприемачки и бизнис вештини во областа на енергетска ефикасност“.
Учесниците - менаџери на мали и средни претпријатија на овој семинар беа запознаени со најновите пазарни трендови, понудата на мерки за енергетска ефикасност за згради и методологијата за развивање на бизнис модели на учесниците. На крајот на семинарот беа презентирани информации за расположливи извори за финансирање на бизниси во сектор енергетска ефикасност. |
Напредни вештини за носење одлуки
На 27 Мај 2014 во Скопје се одржа семинар на тема:„Напредни вештини за носење одлуки“ . Учесниците од мали и средни претпријатија во Македонија беа запознаени со факторите кои влијаат на носење и извршување одлуки, Критериумите врз основа на кои се разликуваат индивидуални стилови на раководење и комуникација. Во текот на семинарот преку вежби , учесниците работеа на повеќе применливи техники што се користат во процесот на носење и извршување на одлуки.
Економски трошоци за заштита на животната срединаВо рамки на проектот „Истражи ја својата најблиска околина и откриј ги нејзините најопасни и најштетни ефекти“ на 11 и 12 април 2014 година во Сандански-Бугарија се доржа семинар за Економските трошоци
за поздрава
животна средина и мисијата на идните генерации за побезбедна и здрава животна
средина
Наставниците од средните училишта од Валандово и Сандански иградија капацитет за презентација на еконосмите аспекти на заштитата на животната средина пред учениците со цел подигање на нивната свест за превземање конкретни акции во областа. |
|
Претприемништво и бизнис вештини за енергетска ефикасност на зградиНа 27 -28 Март и 3-5 Април 2014 се организираше петденвен семинар за Прептрименитво и бинзис вештини во обалста на енергетска ефикасност. Семинарот се организираше во рамки на проектот Енергетска Ефикасност во секторот домување, спорведуван од ХАБИТАТ Македонија и УСАИД.35 учесници (претприемачи, вработени во градежни фирми и финансиски институции, како и невработени лица) активно учествуваа во градењето на нивниот капацитет за бизнис планирање,
со користење применливи знаења и алатки за развој на бизнис модел од секторот
енергетска ефикасност,како и оценка на одржливост на
избраниот бизнис
|
Вештини за развој на проекти ориентирани кон резултатиНа 14,15 и 25 март 201 4година во просториите на Стопанската комора на Македонија се одржа семинар за развој на проекти ориентрани кон резултати.
35 Учесници развија 33 проектни идеи за расположивите ЕУ програми и утврдија постапка за системско работење преку проектниот пристап, чија цел е зголемување учеството на андворешни извори на финансирање на активностите на Стопнаската Комора на Македонија Иновативниот пристап во градењето на капацитети им овозможи на учесниците да ги согледаат своите вештини согалсно фазите на проектниот циклус и да се фокусираат на оние што ќе им овозможат најдобри резултати. |
Семинар: Лидерство, градење и водење на тимНа 21 Фебруари 2014 година во просториите на Ц.Е.С тренинг центарот Скопје, се одржа семинарот за Лидерство, градење и водење на тим. Обучувачот Ристо Иванов на учесниците им ги презентира светслите трендови во лидерството, значењето на лидерството во растот на поединецот и бинзисот и ги водеше учесниците да го подготват својот план на лидерство.
Во текот на Семинарот учесниците се стекнаа со разбирање за лидерските компетенции за испорака на услуги до потрошувачите и вештини за избор, градење и водење на тим за реализирање на целите на лидерот. |
|
Семинар: Менаџмент вештини-Струмица и ГевгелијаНа 12 Фебруари 2014 година, во Тивериопол Струмица и на 19 фебруари 2014 во Аполонија Гевгелија , во организација на СИ Комуникејшн и Центаррот за развој на Југоисточниот регион се одржаа два семинари за Менаџмент вештини.
Ристо Иванов на учесниците, менаџери и вработени во микро, мали и средни претпријатија им се обрати со излагање за важноста на менаџерките вештини во водење на бизнисот, начинот на мерење на успешноста во менаџирање на бизнисот и поврзаноста на менаџмент вештините со остварување на целите на менаџерите. |
Работилница: Стратешки приоритети за локалниот економски развој - општина Кисела ВодаНа 12 фебруари 2014 во простроиите на општина Кисела Вода се одржа работилница за утврдување на стратешки приоритети и селекција на проекти за нивно реализирање.
Учесниците, вработени во секторите на општинската админситрација, се вклучија во изработката на Стратегијата за локален еконоски равој на општината Кисела Вода и преку интерактивна дискусија ги идентификуваа стратешките приоритети за нареднито 4 годишен перидот, предлагајќи ги потребните проекти за нивна реализација. |